Кинеската вакцина ќе стигнат во текот на февруари – термини за вакцинација на 10 минути

од Берта Китинска
220 прегледи

Вакцините од Кина  наскоро ќе пристигне во земјава, но точниот датум се уште не се знае.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е потпиша договорот за набавка на вакцини против КОВИД-19 од кинескиот производител „Синофарм“.

-Денеска го потпишав договорот за набавка на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“. Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец, вели министерот Филипче.

Воедно од министерството за здравство информираа дека двосменско ќе работат пунктовите за вакцинација, а термини ќе бидат закажани на 10 минути.

-Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по која било основа. Конкретно за оваа вакцина на „Синофарм“, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент. ЈЗУ-ата ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. Според Наицоналниот план за вакицнација против Ковид 19, први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници опфатени во првата група од Фаза 1, како и возрасните граѓани над 70 години, соопштија од МЗ.

Слични содржини