Јавното обвинителство покрена истрага против четири лица во случајот „Еуростандард банка“

123 прегледи

Против четири лица е донесена наредба за спроведување на истражна постапка за случајот со Еуростандард банка, поради сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување стечај на банка“ според Законот за банки, како и кривично дело “Перење пари и други приноси“ сместено во Кривичниот законик.

Според Јавното обвинителство, оваа одлука е донесена од Јавен обвинител во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Исто така, осомничените, како што велат од таму, биле лица со посебни права и одговорноси во периодот од 2018 до 2019. година и ги повредиле законско фомираните норми, но и Методологијата за адекватност на капиталот.

„Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Воедно го зголемиле ризикот од концентрација и масовно ја затскриле реалната способност на клиентите за измирување на обврските и нереалната класификација, што резултирало со погрешно известување за финансиската состојба на банката и нејзините сопствени средства како кон НБРСМ, така и кон останатите заинтересирани страни. Со ваквото работење придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби, со што го намалиле износот на сопствените средства на банката и наметнале потреба од значителна докапитализација на банката, а притоа не извршувале капитализација по мерка изречена од гувернерот на НБРСМ. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност. Така, од нефункционални изложености со состојба во време на отворање на стечајната постапка од нефункционални кредити за 149 правни лица била предизвикана штета од 3.378.030.720,00 денари, при што повластените кредитни должници со невраќање и неможност за присилно враќање на долг од кредитот се стекнале со корист, а штедачите и другите депоненти на банката биле оштетени, информираа од Јавното обвинителство.

Исто така, од таму додадоа дека осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2017 година до 2020 година, во повеќе наврати овозможиле отворање на нерезидентни трансакциски сметки преку кои дозволите трансакции и воспоставиле деловен однос со правни лица.

Во нивното соопштение, се посочува и дека спротивно на нивната законска должност, иако имале обврска согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, тие во Управата за финасиско разузнавање не пријавувале сомнителни трансакции кои укажуваат на перење пари, имот или имотна корист, а за што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2020 година започнале предистражни постапки.

„По донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги преземе сите неопходни процесни дејствија за целосно расчистување на случајот и навремено ќе информира за детали кои нема да ја нарушат истражната постапка“, се вели во соопшението од Јавното обвинителство.

 

 

Слични содржини