Вучиќ: Утре ќе пристигнат уште половина милион дози од кинеската вакцина

од Берта Китинска
161 прегледи

На вонредно обраќање до јавноста српскиот претседател  Александар Вучиќ рече дека кинеските вакцини се наоѓаат во српскиот магацин во Кина и дека тие ќе пристигнат во Србија утре.

Тој рече дека со 50 000 вакцини „Спутник V“ за првата доза што пристигна утрово, уште 50 000 за втората доза ќе пристигнат во следните 15 дена.

Тој изјави дека Србија ќе добие уште 88.000 вакцини Фајзер до крајот на февруари, но исто така и помеѓу 125.000 и 150.000 вакцини АстраЗенека.

Од четврток до петок одиме со ревакцинација за понатамошна масовна вакцинација, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека има значителен број луѓе кои се заразиле откако ја примиле првата доза, но дека тоа им помогнало при создавање на антитела.

 

Слични содржини