Вучиќ: Криминалната група на Беливук е силен огранок на мафијашкиот клан од Црна Гора

од Берта Китинска
253 прегледи

„Белград им беше важен како логистички центар и центар за трговија со дрога. Главните водачи, како Беливук, имаат свој шеф кој денес е на територијата на Црна Гора. Овие се увезени убијци и криминалци, а потоа тука беше создадена страшно силна гранка, која успеа да создаде војска без врховниот командант и неговиот заменик кои беа во друга земја“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вонредното обраќање пред граѓаните.

Тој исто така изјави дека еден од двата спротивставени криминални клана од Црна Гора имал информации за движењето на членови на друг клан во Србија.

„Не би ја исклучил можноста високи функционери од различни служби да помагаат на различни начини. Нема сомнение на оперативно ниво дека сето тоа е тешко да се направи без нечија поддршка, помош или премолчена согласност. Затоа работиме толку енергично да им се спротивставиме на таквите луѓе и да истражиме сè од државниот апарат што им помагаше на различни начини “, рече претседателот на Србија.

Слични содржини