Момчето на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ, предизвика голем интерес кај домашната јавност.
Имено, бидејќи во јавноста стигна информацијата дека Цеца е во врска со девет години помладо момче, многумина се интересираат кој е мажот кој го привлече нејзиното внимание и што правел тој во животот.
Богдан е менаџер на елитен ресторан во Белград, а претходно тренирал кошарка, но се занимавал и со моделирање, за што сведочи и малиот број на фотографии на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Посебно внимание предизвикала објавата во која стајлингот од шоуто потсетува на ликовите од серијата „Peaky Blinders“.
– Кога Томас Шелби во 2011 година ме замоли да снимам за „Peaky Blinders“, напиша Богдан.
Срејовиќ очигледно има убави спомени од тоа време.