Тим експерти кои го истражуваат потеклото на КОВИД-19 во Кина изнесоа нови детали за можниот пренос на вирусот преку замрзната храна. Имено, тимот призна дека коронавирусот може да се пренесе на замрзнато месо.
Д-р Питер Бен Ембарек, експерт на Светската здравствена организација за безбедност на храна и болести на животни и претседател на истражниот тим, рече дека е можен пренос на „ладниот ланец“ преку транспорт на замрзната стока, што е оправдување за понатамошна истрага.
Како што наведе, примероците идентификувани кај лилјаците не биле „доволно слични“ на САРС-КoВ-2 за да сугерираат директна врска.
Но, тој рече дека посредничкиот вид на домаќинот е „најверојатен начин“ за пренесување на луѓето. Д-р Ембарек рече дека тимот се обидел да открие кои други животни биле воведени на пазарот за морски плодови во Вухан, кои би можеле да го воведе коронавирусот и дека „треба да се заврши многу работа“ во оваа област.
Ова вклучува производи што се движеле и го напуштале пазарот, оние произведени во тоа време и / или оние што сè уште се достапни.
„Пазарот главно се занимаваше со замрзнати производи од животинско потекло и главно со морска храна, но имаше и продавачи кои продаваа производи од домашни диви животни и увезени производи“, рече тој.
„Знаеме дека вирусот може да преживее во услови кои се наоѓаат во овие студени, замрзнати средини, но засега навистина не знаеме дали може вирусот од таму да се пренесе на луѓето“, додава.
Кина постојано инсистираше на теоријата дека вирусот може да се пренесе преку замрзната храна и редовно спроведуваше истражување за увозната амбалажа на храната, вклучително пилешки крилца од Бразил, лигњи од Русија, ракчиња од Еквадор, свинско месо од Германија и лосос од Норвешка.
Кина со месеци тестира и дезинфицира замрзнати производи што доаѓаат од странство, стравувајќи дека вирусот може повторно да влезе во земјата на тој начин, иако експертите сè уште се сомневаат дека тоа е потенцијален извор на инфекција.
„Се повеќе докази сугерираат дека замрзната морска храна или месни производи веројатно ќе го шират вирусот од земјите со епидемија во нашата земја“, рече кинескиот епидемиолог Ву Зуну во неодамнешното интервју.
Пекинг работеше напорно за да ги спречи нападите врз Кина како осомничен извор на пандемија, а најраните случаи беа откриени во земјата во декември 2019 година. Тимот на СЗО потврди дека е „крајно малку веројатно“ вирусот да потекнува од лабораторија.
Секако, потребни се подетални истражувања за да се утврди врската помеѓу ланецот на замрзнати производи и преносот на короната.
Во моментов, кинеските власти работат на идентификување на сите животни продадени на пазарот, кои можат да бидат извор на епидемија на коронавирусот. Како одговор на тоа, тие ја ограничиле трговијата со егзотични животни.