Борел: ЕУ е на раскрсница на односите со Русија

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел оцени дека Москва не е заинтересирана да работи на подобри односи со ЕУ или да се вклучи во конструктивен дијалог за човековите права и политичките слободи. Борел им рече на членовите на Европскиот парламент дека „Русија не станала модерна демократија, како што се очекуваше“ и дека отишол во посета на Москва со цел „лично да ги процени предизвикувачките односи“ што ЕУ ги има со Русија.

По враќањето од Москва, Борел пред Европскиот парламент изјави дека земјите-членки на ЕУ ќе одлучат за следните чекори кога станува збор за односите со Русија и дека тој лично ќе стави на маса план кој не исклучува и санкции.

„Ние сме на раскрсницата на односите со Русија. Изборите што ќе ги направиме ќе одлучат за динамиката на меѓународните сили од овој век“, рече Борел.

Шефот на дипломатијата на ЕУ им порача на членовите на Европскиот парламент дека „Русија не станала модерна демократија, како што се очекуваше“ и дека отишол во посета на Москва за „лично да ги процени предизвикувачките односи“ што ЕУ ги има со Русија.

„Руските власти одат надолу по загрижувачкиот пат на авторитаризам. Местото за слобода на изразување и граѓанското општество се стеснува и скоро нема место за развој на демократски алтернативи“, рече Борел.

Можни нови санкции кон Русија

Тој додаде дека неговата посета на Москва и разговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го потврдиле „трендот во кој Русија сака да се оддели од Европа, чиј либерален демократски систем го смета за закана за нејзиниот систем“.

Жосеп Борел изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ на 22 февруари, како и лидерите на ЕУ во март, ќе разговараат за следните чекори во односите со Русија, кои „може да вклучуваат и санкции“.

„Ќе ставам конкретни предлози на маса, што подразбира мојот мандат како шеф на дипломатијата“, најави Борел.

Тој додаде дека и покрај сите тешкотии, важно е да се зачува просторот за официјален дијалог и да се изнајдат начини да се избегне „трајна конфронтација“ со Русија.

Слични содржини