Полицијата во Мјанмар пукаше на протестите: Повредени четири лица, едно критично

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Полицијата и демонстрантите се судрија во Мјанмар, а повредени има од двете страни во најнасилниот ден од почетокот на протестите против војниот пуч во кој беше симната Аунг Сан Су Ки.

Лекар открил дека жена која била погодена во главата веројатно нема да преживее.

Им била укажана помош на уште три лица кои наводно биле погодени од гумени куршуми откако полицијата отворила оган, претежно во воздухот и користела водени топови за да ги растера демонстрантите во главниот град Најпитава.

Државната телевизија извести за повредени полицајци кои се обиделе да ги растераат демонстрантите при првото известување за протестите во земјата.

Најновите инциденти претставуваат прво крвопролевање откако армијата предводена од генерал Мин Аунг Хлеинг ја собори новоизбраната влада на Су Ки на први февруари и ги уапси неа и другите политичари од Националната лига за демократија (НЛД).

Слични содржини