Маричиќ испрати барање за екстрадиција на Игор Спасов од Бугарија

од Берта Китинска
296 прегледи

Северна Македонија и официјално побара екстрадиција на лицето Игор Спасов, соопштија од Министерството за правда.

-Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото.Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ, соопштија од министерството.

Осудениот поранешен припадник на специјалните едници на МВР за убиство на Мартин Нешковски, е уапсен во Софија на 1 февруари по пријава за семејно насилство.

Тој беше осуден на 14 години затвор, а по него се трага од октомври 2019, откако претходно одлежа околу половина од затворската казна, а беше пуштен на лекување и не се врати во затворот

Слични содржини