Захариева: Има тензии во односите со С. Македонија, но сите треба да ги смириме емоциите

од Nikola Popovski
150 прегледи

„На Балканот секогаш ќе врие и врие. Треба да бидеме малку поумерени во говорот, треба малку повеќе да покажеме добрососедство и треба да размислиме пред да зборуваме“, изјавила бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, за бугарската телевизија Нова.

На темата Република Северна Македонија, таа рекла дека „имаат одлука на парламентот, која беше донесена едногласно“.

„Секако има оптоварување во односите и веруваме дека сите треба да ги смириме емоциите. Дали е принципиелно да се едуцира генерација по генерација во омраза кон соседната земја и целиот нејзин народ? Проблемот што го имаме е што се негува омразата кон Бугарите, дека договорот не се исполнува. Овие форми на секаков вид дискриминација не можат да продолжат во 21 век“, додаде Захариева и истакна дека Бугарија сака РС Македонија да биде членка на Европската унија.

Слични содржини