Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи иницијативата за собирање потписи од сите граѓани

од Берта Китинска
174 прегледи

Пратеникот Антонијо Милошоски  од ВМРО-ДПМНЕ ја започнува иницијативата на собирање на потписи за укинување на законот за попис од страна на Собранието

„ Иницијатива ќе ја продолжиме на два начина. Еден начин е да се предложи законот преку пратеници. И легитимен начин преку блокирање на законот преку многу потписи од граѓани кои се носители на државниот суверенитет“, рече Милошоски.

За информациите дека има судски пресуди против него во Германија,  Милошоски ги отфрли тврдењата како дезинформации од СДСМ.

„ Ваквите спинови, ваквото дефокусирање и ваквите дезинформации само докажуваат дека СДСМ останува на својата основна дејност – преку фалсификувани дезинформации да ја замајува јавноста за да избег од реалните теми, а тоа се, дискусија за хибриден режим, за корупцијата и голематаневработеност. Во тој контекст сметам дека се навистина големи мајстори, но за жал цената граѓаните преку силната економска криза“, изјаив Милошоски.

Слични содржини