Филипче: 8.000 граѓани се регистрираа на вакцинација.мк

309 прегледи
Министерот за здравство, Венко Филипче,  информираше на својот фејсбук профил, дека веќе 8.000 граѓани се регистрирале во рамки на сајтот за вакцинација против Ковид 19.
„Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани!
Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.
Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против коронавирусот“, истакна Филипче во својата фејсбук објава.

Слични содржини