248
МВР соопшти дека 43-годишна жена од Кочани пријавила дека биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за нејзината малолетна ќерка, од Инстаграм профил.
„Полицајци од Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презеле мерки за расчистување на настанот, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле двајца малолетници на кои им биле одземени мобилните телефони и компјутери“, стои во билтенот на МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани.