На последниот конкурс за 600 полициски службеници пријавени се вкупно 2964 кандидати, од кои 2365 се мажи, а 599 жени,соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Денеска сум повторно во нашиот Центар за обука во Идризово кадешто веќе отпочна процесот на фазна селекција на пријавените кандидати за полициски службеници по последниот објавен конкурс од крајот на декември минатата година.
Оваа бројка што е далеку поголема од бројката од претходниот јавен оглас, кога имавме вкупно 2391 пријавен – доволно говори како за евидентниот интерес кај младата популација за полициската професија така и своевидниот позитивен имиџ што нашето министерство го има меѓу оваа категорија граѓани. Воедно, им посакувам успех на сите кандидати, независно од резултатите што ќе ги постигнат“, вели Спасовски.