Поранешниот претседател Ѓорге Иванов утрово дојде во Основниот кривичен суд во Скопје да сведочи за организацијата на настаните од 27 април 2017 во Собранието, по предлог на одбраната. Тој изјави дека ниту една служба немала информации за најава на организиран влез на толпата во Собранието.
„Кажав дека јавно ги поддржував и ги поддржувам „За заедничка Македонија“, но беа изнесени невистини и шпекулации кои потоа се пренесуваа и коментираа. Не сакав да прогласам воена состојба. Како држава имаме строго дефинирани механизми за спречување злоупотреба на воена состојба и таа ја прогласува Собранието со две третинско мнозинство. Тоа е школски пример на психолошка војна, за некој да преземе нешто, а вината да падне на претседателот и армијата“, рече Иванов.
Прашан дали лицето Синиша Алексовски го известувал за своите активности, Иванов рече дека освен што е усно информиран, за се има и пишани белешки.
„Советникот Алексовски кога се случија настаните на 27 април барав да се врати од службен пат. Кога се врати ми ја покажа фотографијата од Живављевиќ и неговата комуникација за тоа што бара во Собранието, за што се покажа дека бил на барање на ажбасадата за да утврди дали имало и српски граѓани при упадот на Собранието“, рече Иванов. На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и Биљана Бришковска Бошковски и Цветан Трипуновски.