Откако министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека сајтот за пријавување на вакцинација на граѓаните, www.vakcinacija.mk е активен, во интернет просторот се појави уште еден сајт, vaksajns.mk на кој граѓаните синоќа можеа да се пријавуваат.
Од Министерството за здравство за „Фактор“ велат дека станува збор за упад на официјалната страница на министерството и посочуваат дека случајот е пријавен во МВР во Секторот за компјутерски криминал.
Сепак се изгледа дека проблемот донекаде е решен, откако при пишување во прелистувачот vaksajns.mk, веднаш ве редиректира кон официјалната страна за пријавување за вакцинирање против Ковид-19.
Според информациите, досега над 20 илјади граѓани изразиле желба да се вакцинираат и преку системот „Мој термин“ ќе бидат распоредени за времето и местото каде ќе бидат вакцинирани.