ОТКРИЕН СУПЕРСОЈ: Нова мутација на коронавирусот

од Nikola Popovski
287 прегледи

Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, рече дека се појавила и нова мутација на британскиот вид на коронавирусот-суперсој.

Како што наведе, британскиот вид бил откриен во декември 2020 година, а во последниот месец станал доминантен вид во таа земја затоа што повеќе од 50 проценти од луѓето се заразени со тој вид.

„Исто така, откриено е дека овој британски вид има мутација што потекнува од јужноафрикански вид. Сега имаме нов британски суперсој со јужноафриканска мутација што може да избегне имунолошки одговор“, изјави Рамадан за ХРТ.

На прашањето дали со појавата на новиот вид се најавува третиот бран на епидемијата, Рамадан рече дека тоа ќе зависи од рестриктивните мерки.

Тој додаде дека Велика Британија го вакцинира населението со голема динамика и дека досега се вакцинирани 13 милиони луѓе. Околу 15 милиони луѓе се очекува да бидат вакцинирани до средината на февруари.

Слични содржини