248
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора околу 13 часот, соопшти Сеизмолошкиот оддел на Црногорскиот институт за хидрометеорологија и сеизмологија.
Епицентарот на земјотресот бил на 44 километри северно од Херцег Нови и седум километри југоисточно од Билеча.
Map of felt reports received so far following the #earthquake M3.7 in Montenegro 41 min ago pic.twitter.com/hnQmVnwW3D
— EMSC (@LastQuake) February 11, 2021
Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 24 км.
Според хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Дубровник, Метковиќ, Мостар, Требиње …