УЕФА: Романските судии не се расисти

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Европската фудбалска федерација (УЕФА) нема да ги казни романските судии кои ја делеа правдата на натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Басахшехир во Лигата на шампионите.

Тој дуел беше обележан со ситуација поради која сите играчи го напуштија теренот, не сакајќи да го продолжат натпреварот.

Имено, од клупата на гостинскиот тим, пред се Демба Ба, тврдеа дека помошниот судија го нарекол „црнец“ асистент-тренерот на тимот од Истанбул.

Продолжението на тој натпревар од групната фаза се одржа следниот ден, со победа на францускиот тим со резултат 5: 1.

Според романските медиуми, УЕФА заклучила дека немало расизам, и дека романските судии нема да сносат никакви последици.

Слични содржини