Фатен автобус со 30 патници кои сакале да влезат во Бугарија со лажни ПЦР-тестови

од Nikola Popovski
544 прегледи

Во туристички автобус што одел од Скопје кон Бугарија, 30 патници имале лажни ПЦР-тестови за Ковид-19, соопшти МВР.

Како што е прецизирано, при контролата во автобусот на туристичката агенција од Скопје, граничните полициски службеници на граничниот премин „Деве баир“ откриле 30 ПЦР-тестови за кои се сомневале дека не се валидни, односно дека не биле извадени во овластена здравствена установа.

Оние тестови што ги доставиле патниците од туристичкиот автобус, се посочува, биле одземени по дополнителна проверка.

Уапсени се двајца албански државјани и изведени пред судија на претходна постапка, а додека за останатите 28 патници, македонски државјани, ќе бидат подложени на дополнителни проверки и против нив обвинителството ќе поднесе кривични пријави.

Слични содржини