Бразил тврди дека амазонскиот сој на коронавирусот е трипати позаразен!

од Nikola Popovski
259 прегледи

Видот на короната идентификуван во бразилска Амазонија може да биде три пати позаразен, но раните анализи покажуваат дека вакцините се сепак ефикасни, рече бразилскиот министер за здравство, без да обезбеди докази за ваквите тврдења.

Под притисок бидејќи новиот вид на вирус го мачи бразилскиот Манаус за време на вториот бран на инфекција, министерот за здравство Едуардо Пазуело се обиде да ги увери законодавците дека бранот бил неочекуван во последните месеци, но се става под контрола, пишува Ал Џезира

Тој исто така рекол на сослушувањето во Сенатот дека Бразил ќе вакцинира половина од квалификуваното население до јуни, а остатокот до крајот на годината – амбициозна цел со оглед на тоа што земјата едвај има гарантирано дози за половина од населението.

Бразил пред околу три недели започна со имунизација со вакцини од кинеската „Синовац биотеха“ и британската „АстраЗенека“. Пазуело не објасни како е анализирана нивната ефикасност против новиот вид во Манаус.

Нема информации за анализа

„Фала му на Бога, имавме јасни вести од анализата дека вакцините продолжуваат да работат против овој сој“, рече Пазуело. „Но, тоа е позаразен. Според нашата анализа, тој е трипати позаразен“.

Министерството за здравство, кое не даде информации за каква било ваква анализа, не одговори веднаш на барањето за дополнителни информации.

Институтот Бутантан во Сао Паоло, кој се здружи со Синовац при тестирање и производство на кинеската вакцина, соопшти дека започнале студии за новиот вид од Манаус, но дека нема да има резултати за две недели.

Од Биомедицинскиот центар „Фиокруз“ во Рио де Жанеиро, кој се здружи со „АстраЗенека“ за пополнување и комплетирање на дозите од вакцината развиена со Универзитетот Оксфорд, соопштија дека ја проучуваат ефективноста на вакцината против сојот од Амазон, испраќајќи примероци до Оксфорд идека сега чекаат ги резултатите.

Слични содржини