367
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека новата мутација на ковид 19 не е нешто ново за овој тип на вирус и се очекува во иднина да се појават уште повеќе мутации.
– Гледаме што се случува и какви тешки локдауни се препорачуваат во земјите. Кај нас се дури 20% од бројот на заразени во последниве неколку денови му припаѓаат на мутираниот британски коронавирус, изјави Филпче во „Click Plus“ .
Посочува дека оваа мутација на вирусот се шири многу побрзо и дека напаѓа поголем број на клетки во нашиот организам, а токму поради тоа, ситуацијата будно се следи и доколку има потреба ќе бидат препорачани и нови рестриткивни мерки.