283
Претседателот на Организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори, поднесе оставка по сексистичките испади минатата недела.
„Моите несоодветни изјави предизвикаа голема вознемиреност. Денес сакам да се повлечам од функцијата претседател“, рече Мори на состанокот на извршниот одбор на Олимписките игри.
Мори, 83-годишниот поранешен премиер на Јапонија, на состанокот на јапонскиот олимписки комитет во средата, 3 февруари, рече дека жените зборуваат премногу, по што тој се извини, но исто така одби да даде оставка.
Сексискиот скандал е уште еден проблем за Олимпијадата во Токио 2020 година, која беше одложена за една година поради пандемијата на коронавирус.