Антикорупциска отвори три предмети за акумулација на функции против службени лица

од Берта Китинска
287 прегледи

Отворени се три предмети за акумулација на функции против службени лица, кои произлегуваат од изјавите за судир на интереси за 2020 година, соопштија од Државната комисија за спречување на корупција.

Предметите се отвораат за еден член на Совет на општина, кој истовремено е член и на Управен одбор на детска градинка, еден пратеник во Собранието кој истовремено е член и на Надзорен одбор во Центарот за управување со кризи и за в.д. директор на средно општинско училиште, кој истовремено управува како сопственик со трговско друштво.

ДКСК отворија постапки и против пратеник во Собранието, кој го променил управителството во неговата фирма, меѓутоа за управител поставил негово блиско лице, министер во Владата кој, исто така го променил управителствово во неговата фирма и за управител поставил негово блиско лице и уште еден пратеник кој го направил истото.

Слични содржини