Затворот во Шутка го вдоми напуштениот германски овчар кој нападна деца во Аеродром

од Берта Китинска
325 прегледи

Германскиот овчар кој нападна деца во скопската општина Аеродром откако го помина хуманиот третман во Лајка, денес беше вдомен од страна на директорот Филип Андов на КПУ Затвор Шутка – Скопје, за службените потреби на оваа институција, соопштија од ЈП Лајка.

-Кучето Кара го помина комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште, откако претходно согласно записникот од извршен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и извршена контрола во ЈП Лајка за заловеното куче по пријава за напад на деца, на ден 03.01.2021 (без микрочип на јавна површина), беше одреден карантин и изолација за набљудување во период од 08, 15 и 22.01.2021 година. За истото беше извршен клинички преглед од страна на ДВМ вработен во ЈП Лајка и беше издаден сертификат за беснило со кој НЕ СЕ УТВРДЕНИ ЗНАЦИ НА БЕСНИЛО НИТУ ДРУГИ ПРОМЕНИ.

По објавата за нејзиното вдомување, претстваници од КПУ Затвор Шутка – Скопје поднесоа апликација за вдомување и закажаа термин за нејзина посета во прифатилиштето на ЈП Лајка.

Земајќи ги во предвид природата и карактерот на расата германски овчар, која има одличен инстинкт, заштитнички карактер и во светски рамки се обучува и тренира како службено куче за потреби на полицијата за обезбедување на објекти. Истото е незаменливо помошно средство во бројни истраги, па затоа Кара од денес е официјално вдомена во рамките на оваа институција и ќе работи во служба на државата и граѓаните, велат од прифатилиштето.

 

Слични содржини