Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден започна официјална ревизија на прашањето за опстанок на американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо на Куба.
Ова го потврди денеска претставник на Белата куќа.
Асистените вклучени во внатрешната дебата разгледуваат извршна наредба што претседателот Џо Бајден би ја потпишал во наредните недели или месеци, изјавија две лица запознаени со прашањето за нов обид да се отстрани она што застапниците на човековите права го нарекоа дамка на американската глобална слика.
„Националниот совет за безбедност ќе работи тесно со министерствата за одбрана, државата и правосудството за да се постигне напредок во затворањето на објектот во Гвантанамо, а исто така и во тесна консултација со Конгресот“, изјави за „Ројтерс“ портпаролката на Советот за национална безбедност Емили Хорн.
Контроверзниот затвор Гвантанамо на Куба е формиран по нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, како дел од американската „војна против тероризмот“, според агенцијата.