Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци:
– Прилеп-Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар.
– Тетово-Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.
– Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.
– Крива Паланка-граничен премин Деве Баир.
– крак Маврово-Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
– Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.