Лидерот на движењето „Самоопределување“ и кандидат за премиер, Албин Курти, изјави дека победата на таа партија на предвремените парламентарни избори во Косово и Метохија е можност да се започнат реформите што ги посакува народот.
„Патот пред нас е долг, ќе имаме пречки, ќе направиме некои грешки на тој пат, но пред нас е благородна цел. Ние нема да се одмаздиме на никого, но ќе бараме правда. Секој од нас мора да преземе одговорност да ја направи својата земја подобра. Создадовме коалиција со претседателката Вјоса Османи и овој резултат потврдува дека немаме интерес да разговараме со оние кои сега треба да се реформираат додека се во опозиција“, рече синоќа Курти.
Според „Коха диторе“, Курти проценил дека оваа победа ќе остане запаметена по денот кога „народот зборуваше со еден глас и ја зеде својата судбина во свои раце“.
Кандидатот на движењето Самоопределување за претседател, Вјоса Османи, рече дека победата на заедничката листа со Самоопределување треба да биде лекција за нејзината поранешна партија, Демократскиот сојуз на Косово и другите партии, јави Танјуг.
„Гласањето донесе долгоочекувана промена. Вистинската работа започнува денес, а утре сонцето ќе се појави над Косово. Вашиот глас ја донесе очекуваната промена. Ви благодарам од се срце, милион пати. Ние сме свесни за големиот товар, вашата вера ќе биде нашиот водич на ова патување. Заедно, продолжуваме да работиме на развој на демократијата“, рече таа.
Според последните информации објавени од Централната изборна комисија во Приштина, движењето Самоопределување води со 48,15% од гласовите, односно дека има освоени 55 места.
Српската листа прогласи победа во српските заедници, објавувајќи дека освоила максимум 10 места.
На предвремените парламентарни избори во Косово и Метохија во неделата, 38 општини гласаа на 888 избирачки места, односно 2.382 избирачки места. На гласање излегоа 812.984 гласачи или 46,90 проценти.
Најголем одзив е забележан во српските области на северот на Косово и Метохија. Одзивот во нив бил скоро 70 проценти.