„Никој не го изненади снегов годинава. Кога почна врнењето, „Македонија пат“ веднаш излегоа на терен и започнаа со чистење на автопатиштата и регионалните патишта“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов за емисијата „Студио 10“.
Според него, чистењето се одвивало паралелно со врнењето на снегот.
„Ниските температури беа тие кои што придонесоа за одредено лизгање на автопатиштата и сметам дека имаме соодветна реакција. Работиме на тоа и како ЦУК имаме координативна улога и оперативни планови“, вели Ангелов.
Тој додаде дека во Тетово имаме отежнато движење во планинските села, а на повисоките места во тетовско снегот достигнува до 60-тина сантиметри.
„Снегот е благодет за земјоделците, неговата корист е поголема од неговата штета. Нека заврне уште повеќе снег, добро е за хидлорошката состојба“, посочи Ангелов.