Заев: Очекувањата се дека кинеските вакцини ќе пристигнат до крајот на месецов

од Nikola Popovski
228 прегледи

Премиерот Зоран Заев денес најави дека кинеската вакцина треба да пристигне најдоцна до крајот на месец февруари.

„Преговорите се во постапка на договарање и регулирање. Министерството за здравство континуирано информира. Нормално секој ден порано е важен за нас. Очекувањата се од крајот на оваа недела до крајот на следната недела. Во однос на донацијата од Србија, во тековниот период ќе се дореализираат и останатите вкупно 8000 вакцини“, потенцира Заев.

Слични содржини