Трајанов: Историјата е оружје посилно од атомска бомба, а Бугарија сака да го искористи тоа

178 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов посочи дека Бугарија тактизира по примерот на Грција во однос на преговорите со С.Македонија.

„Ние сакаме исклучително добри односи со Бугарскиот народ и не ги загрозуваме нивните стратешки и внатрешни состојби. Тие ги разнишаа односите со нивната реторика. Треба да имаме национална стратегија, да има платформа која ќе помогне да се застапуваат решенијата од тоа. Не може една индивидуа да брани стратешки интереси. Бугарија го користи Договорот како оружје, дека ние истиот не го почитуваме. Главната цел на Бугарија е по примерот на Грција, да ги исечат корените. Оттаму, историјата е поголемо оружје и од атомската бомба. Погубна политика е да се разговара за јазик и историја. Никој во оваа земја не сака промена на уставното име, но во тој момент немаше подобро решение во поглед на Грција, а сега ЕУ сака да наметне притисок да се најде компромис со Бугарија. Нашата страна прави грешка, тргнувајќи од толкување на заедничка историја. Тие тези се неприфатливи, и потребен е консензус за да се оттргнат ваквите тези“, истакна Трајанов.

Слични содржини