Познатата актерка топлес танцува на тераса со момчето: Кој го снимил славниот пар? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската актерка Хали Бери (54) често позира во разголени изданија, а овој викенд на својата тераса со своето ново момче Ван Хант повторно го направила тоа.

„Со тебе е поедноставно“, напишала Хали во описот на видеото на кое што топлес танцува со своето момче.

На интернет веднаш почнале да се нижат коментарите во кои што обожавателите ја прашуваат како го снимила ова видео, но актерката не се огласила на таа тема.

Некои од луѓето велат дека е можно нејзината ќерка Нала (12) да ги снимила Хали и нејзиното момче или пак можеби тоа бил нејзиниот син.

Да ве потсетиме, Хали е во врска со Ван Хант од ова лето кога и го потврдија тоа на социјалната мрежа Инстаграм и објавија нивна заедничка фотографија од кревет на која што се гледаа само нивните нозе, но не се знаеше кој е партнерот на актерката. Набрзо потоа на социјалната мрежа таа го откри мистериозното момче кое што ѝ го освоило срцето, а парот оттогаш има објавено неколку заеднички фотографии.

Слични содржини