Милевски: Oпштини вработуваат 10 правници, а притоа најмуваат адвокати- мораме да ги ограничиме градоначалниците

од Nikola Popovski
267 прегледи

„Кога ќе видите дека некои јавни претпријатија или општини имаат вработено 10 правници, а даваат адвокатски услуги и најмуваат адвокати, тогаш ви е нејасно што работат тие 10 правници. Градоначалниците и директорите на претпријатијата тоа право го имаат согласно со законот, но ние сакаме да им го ограничиме“, вели министерот за локална самоуправа, Горан Милевски за емисијата „Студио 10“.

Тој смета дека мора да се најде модул да биде ограничен бројот на вработени во општинската администрација, односно да биде еден вработен на 500 жители или еден на 1000 жители.

„Вториот проблем е да не даваме средства како министерство во општините,а тие да ги трошат за пример луксузни возила, наместо да купат противпожарни возила. Мораме да го промениме Законот за локална самоуправа и за тоа ќе ни треба двотретинско мнозинство во Парламентот“, изјави Милевски.

Слични содржини