Милевски: Владината коалиција е стабилна, не е сериозно на секои 100 дена да организираме избори

од Nikola Popovski
123 прегледи

„Коалицијата со СДСМ е стабилна. Владата има политичка стабилност и сите ние сме посветени на реформите“, вели министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Според него, оваа Влада има нешто повеќе од 100 дена и не е сериозно на секои 100 дена да правиме избори додека не победи некој.

„Си имаме наредни локални избори, каде што граѓаните ќе си оценат како се задоволни од оваа власт. Доколку опозицијата освои повеќе гласови, тогаш е нивно легитимно право да побараат што побрзо да се организираат вонредно парламентарни избори“, заклучи Милевски.

Слични содржини