Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
„Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, што околу 42 отсто од вкупно 608 колку што се наоѓаат на болничко лекување во цела држава“, стои во објавеното на Министерството за здравство.
Според нив, најмногу приеми има во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника – по 10, додека осум се на интерните клиники и 5 пациенти во Козле.
Од Министерството за здравство потенцираат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.