„Го затворивме петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и економскиот сектор. Тој има за цел да ја придвижи економијата кон нам познатите стапки на економски развој во распон од 4 до 5 проценти, односно на динамиката на раст која што ја имавме пред пандемијата“, изјави денес премиерот Зоран Заев на прес-конференција за за петтиот пакет економски мерки.
Според него, пакетот е составен од 29 мерки во вредност од 160 милиони евра, кои се поделени во 4 столбови.
„Во првиот столб има директна финансиска помош за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните, од секторите на туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата. Вториот столб е финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити. Третиот столб е креирање на поповолно деловно опкружување преку намалување на давачки и четвртиот столб е директна поддршка на граѓаните“, соопшти Заев.