276
„Ова е последно помагање со плати затоа што очекуваме излез од кризата и развој и раст. Сепак, државата е тука и ќе им се најде на државата и компаниите“, соопшти премиерот Зоран Заев за петтиот пакет мерки.
Тој додаде дека мерката за платите се однесува за компаниите со повеќе од 30 проценти пад на производството во ноември, декември и јануари 2019/2020 година, во споредба со претходната година.
Исто така премиерот истакна дека согласно петтиот пакет економски мерки, Јавните претпријатија на државно ниво ќе ги избришат каматите на долговите на граѓаните.