Судот во Хаг побара од холандската влада да го откаже полицискиот час, одлука донесена со цел да се бори против коронавирусот, што предизвика насилни протести.
„Полицискиот час мора веднаш да се укине“, рече судот и оцени дека владата ги злоупотребила своите овластувања.
Судот посочи дека полицискиот час е длабоко кршење на правото на слобода на движење и приватен живот и затоа е потребно да се донесат такви одлуки многу внимателно.
Ова прашање се појави пред судот откако му пристапи група која протестираше за воведувањето полициски час.
На почетокот на февруари, холандската влада го продолжи полицискиот час до 2 март, а тој беше воведен на 23 јануари.
Полицискиот час е воведен за првпат по Втората светска војна и предизвика најголеми протести во Холандија во последните неколку децении.
Еден судија изјави дека воведувањето полициски час не вклучува итно барање да се прибегне кон примена на споменатиот закон, особено затоа што можноста за воведување на таква мерка се дискутираше многу пати пред нејзиното стапување во сила.
Холандската влада се уште не реагирала на оваа пресуда.