Владата ги усвои Проектот за човечки капитал и стратегијата за унапредување

278 прегледи

Во рамки на 45. седница на Владата беше усвоена Информацијата за Проектот за човечки капитал и за изработка на Стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Република Северна Македонија во соработка со групација Светска банка.

„Проектот за човечки капитал претставува глобален одговор на групацијата Светска банка за мобилизација на земјите и партнерите, насочен кон унапредување на условите за живот и за зголемување на инклузивноста за економски раст на земјите партнери на Светската банка“, посочија од прес службата на Владата.

Со заклучок од денешната седница, како што се наведува во соопштението од владината седница, за лица за контакт и координација на процесот за изработка на Стратегијата за унапредување на човечкиот капитал во земјата се назначени советниците на претседателот на Владата, Нина Фити и Ванчо Узунов, а работната група ќе ја сочинуваат и претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство.

Слични содржини