Влатко Ѓорчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на Канал 5 „Само Вистина“ , изјави дека доколку неговата партија била на власт досега ќе биле вакцинирани 100 илјади граѓани.
-Доволно е да ги погледнеме бројките и фактите кои покажуваат дека Македонија е најлоша во светот по смртност по глава на жител , а истовремено таа има најмалку вакцини е сега од една страна имате малку вакцини, а од друга многу жртви. Денеска е еден тажен ден за Македонија каде официјално имаме 3000 лица починати од ковид 19 .Човек не може да биде рамнодушен на ова. Вакво нешто немаше да биде дозволено ако владата на ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Нема да кажам дека немаше да има починати, но тоа ќе беа помалку од 3000 погреби. Вакво фијаско е ужас имаме трипати повеќе жртви отколку во скопскиот земјотрес. Да бевме на власт ќе имавме досега 100 илјади вакцинирани луѓе, изјави Ѓорчев.