Британскиот сој најмногу се шири во Прилеп и Охрид

од Берта Китинска
351 прегледи

Иако бројките не се ниски нема драстичен скок, нема голем кластер низ градовите. Ја следиме состојбата во Скопје и другите градови ги следиме како посебни епидемиолошки региони, застапеноста на британскиот сој на вирусот расте, сега е некаде околу 20%, најмногу во Прилеп и Охрид, изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител.

Тој додаде дека засега не треба да се размислува за други мерки и рестрикции за спречување на ширењето на британскиот сој на КОВИД-19 вирусот.

-Точно е и тоа е утврдено дека полесно се пренесува, според некои публикации можно е болеста да е полесна, според некои други публикации е потешка, тоа не може се уште со точност да го утврдиме. Кај нас има 30-тина детектирани соеви на вирусот, близу 1000 ширум светот. Ние засега не регистрираме дека има влошување на епидемиолошката ситуација и затоа сме внимателни. Секогаш апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките, сега е тоа од посебно големо значење, истакна Филипче.

Слични содржини