Вашинтон: Хути нападнале британски товарен брод, полесно повредено едно лице

од Radmila Tasevska

Два проектили на јеменските Хути денеска погодиле британски товарен брод во Црвеното Море, предизвикувајќи штета и полесно е повредено едно лице, соопшти американската војска.

Претходно денеска, САД соборија шест беспилотни летала на Хутите во Црвеното Море, откако биле идентификувани како закана за воените бродови на САД и сојузниците на Вашингтон, соопшти американската Централна команда во објава на социјалните мрежи.

Слични содржини