ПСЖ со шоу на Мбапе го замолчи „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Килијан Мбапе има свое шоу против Барселона во Лигата на шампиони.

Најпрво Меси ја донесе Барса во водство од пенал во 28-та минута, а потоа на сцена стапи Килијан Мбапе.

Само четири минути подоцна Французинот израмни на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во 64-та минута ПСЖ доаѓа до комплетен пресврт, а стрелец на голот повторно беше Мбапе. Во 70-та минута Моис Кин погоди за 3:1.

Слични содржини