Бруталниот студ, во медиумите наречен историски, зафати големи делови на Соединетите држави, усмрти најмалку 21 лице, а милиони граѓани на Тексас останаа без струја.
Најмалку 21 лице го загубија животот во Тексас, Луизијана, Кентаки и Мисури, меѓу кои четири лица загинаа во пожар во куќа во Шугар Ленд во Тексас каде снемало струја, пренесоа светските медиуми повикувајќи се на полицијата и локалните медиуми.
Официјалните лица во Тексас се соочуваат со критики бидејќи енергетската мрежа падна во неколку наврати. Ледената бура ги запре гигантските ветерници во Западен Тексас, што предизвика енергетските компании да не можат да ги задоволат потребите за електрична енергија кои ескалираа на студот.
Американскиот претседател Џозеф Бајден ги увери гувернерите на тешко погодените земји дека федералната влада е подготвена да ги понуди сите потребни ресурси за итни случаи, се вели во соопштението на Белата куќа.
What a night in Central Texas! #atx #kxan pic.twitter.com/IciKEtjrgK
— Nick Bannin (@nickbannin) February 15, 2021