Наградата која Управниот одбор на ФФМ сам на себе си ја доделил не е во согласност со Правилникот за награди во ФФМ, пишува на својот фејсбук профил, Љубомир Ѓурчески поранешниот член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.
„Со тој правилник се предвидени наградите на сите репрезентативни категории во сите категории во кои се натпреваруваат (фудбал, А селекција со сите младински и пионерски категории, женски фудбал, фидсал и тн). Во тој Правилник јасно ги регулира сите дејствија од ПОВИКОТ во репрезентацијата, настапот, постигнатиот резултат и за секоја состојба е предвидена и соодветна награда како и можност за зголемување на истата согласно постигнат резултат.
Наградата-бенифициите на членовите на УО се сведени на исплата на месечен паушал како и патување со репрезентациите и сместување во хотели според прописи на ФИФА и УЕФА на меѓународни натпревари, бесплатни влезници во ВИП ложа на домашните натпревари како и патни и дневни трошоци кога доваѓаат на седници во ФФМ. Други награди може да доделува само СОБРАНИЕТО на ФФМ како највисок орган на РАКОВОДЕЊЕ. Тие награди може да се парични или проследени со Плакети, Благодарници, Дипломи и други споменари. Ове награди првенствено се за стимул на младинските категории во фудбал, за постигнати високи спортски резултати, благодарност кон спонзори и донатори, награди за минал труд со успешна работа и тн.
Што се однесува до наградите на редивно вработените во ФФМ тие се регулирани со Колективен договор и согласно Закон за работни односи. Истите неможе да се поголеми од пет просечни плати исплатени во државава.
Наведеното го пишувам во насока на фактот дека оваа награда е Спротивна на Правилникот и Статутот на ФФМ за што ќе мора да расправа Собранието и истата да биде поништена а наградените во иста висина да ја обештетат ФФМ. Притоа Собранието мора да ја задолжи Дициплинската комисија да поведе постапка за сторен потежок престап на штета на ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ФФМ и на сите овие членови на УО да им изрече соодветна санкција.
Санкцијата според ДП на ФФМ е во висина од најмалку две години суспензија и забрана за вршење на било каква дејност поврзана со Фудбалот до доживотна забрана за вршење на дејност во фудбалот. Ако сме за реформи оваа криминогена структура која сега раководи со ФФМ мора да биде збришана и фрлена на буниште за да сите други раководства имаат пред себе пример како нетреба да се работи“, додава Ѓурчески.