„КОВИД БЕЏОВИ“: Светскиот шампион во имунизација воведува контроверзни мерки

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Повеќе од четири милиони вакцинирани Израелци би можеле да носат „ковид беџови“ за да можат да седат во ресторани, да одат на концерти или во теретани.

Според Times of Israel, „светскиот шампион во имунизација против ковид започнал контроверзен проект со беџови, со кои се обезбедува пристап до спортски сали, ресторани и концерти“.

Со висок процент на вакцинирана популација, властите планираат од недела постепено да ги отворат спортските сали, музеи, трговски центри, ресторани и кафулиња, но тоа нема да важи за сите.

Виолетовите беџови ќе значат дека луѓето или не примиле вакцина или примиле една доза, а зелени беџови ќе добијат луѓето кои примиле втора доза или го прележале коронавирусот.

-Ние одиме напред со одговорни мерки од типот  „ако сте ревакцинирани, можете да влезете “ – рече министерот за одбрана Бени Ганц за новите мерки, кои според Times of Israel, тешко може да се спроведат во претпријатијата.

Покрај беџови, ревакцинираните Израелци можат да добијат „зелен пасош“, што им овозможува повторно да влезат во земјата откако ќе патуваат во странство, без да поминат низ карантин, но сепак е потребен негативен тест за ковид.