Вкупно 616 хоспитализирани и 418 празни болнички кревети во ковид-центрите

од Nikola Popovski
115 прегледи

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

„Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти“, велат од МЗ.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 616 и има околу 418 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопштуваат од Министерството.

Слични содржини