По реакциите од фолклорни друштва, автори на кореографии, професори од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, како и други засегнати страни, Министерството за култура ја известува јавноста дека не изработува категоризација на фолклорно-уметничките друштва.
Оваа рекација на министерството доажа откако повеќе ансамбли новата предлог програма „Категоризација на ансамбли, култрно-уметнички друштва, фестивали, манифестации и семинари со фолклорна содржина во Република Северна Македонија “ ја оценија како монопол на фолкорот.
-Имено, авторот на категоризацијата на фолклорните друштва не настапува од името на Министерството за култура. Министерството за култура ќе поддржи процес на широка и отворена расправа за категоризација во која се вклучени сите засегнати страни, соопштија од Министерството за култура.