307
Нема причина за одложување на пописот и истиот ќе се оддржи во април, потенцираше денес лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Досега нема никаква промена и пописот ќе се одржи на почетокот на април. Ова е статистички чекор, чекор што треба да се направи бидејќи се бара од меѓународните организации како Евроската унија и ЕУРОСТАТ за да имаат точни статистички информации како институции во ЕУ“, посочи во одговор на новинарско прашање при посетата на свечената академија во Косово по повод независноста на земјата, Ахмети.