Белгиските експерти дојдоа до заклучок дека е потребно 80 или дури 90 проценти од светската популација да се вакцинираат за да се победи коронавирусот, односно за да се добие колективен имунитет, што не се очекува да се случи во блиска иднина.
Според научниците, оваа поразителна вест е поврзана со појавата на нови соеви на ковида-19, како и со фактот дека сè уште не е познато колку трае имунитетот на луѓето кои примиле вакцини.
– Сега знаеме дека 70% од вакцинираните нема да бидат доволни да го стават вирусот под контрола, затоа мора да се стремиме кон повеќе. Стапката на вакцинација од 80 проценти треба да биде достижна – рече водечкиот белгиски епидемиолог Пјер ван Дам.
Покрај фактот дека се појавуваат нови видови на вирус, поборниците за повисока стапка на вакцинација, исто така, истакнуваат дека постојните вакцини не се 100 проценти ефикасни и дека имунитетот на оние што се заразиле со инфекцијата се „троши“ во одреден период од осум до девет месеци.
– Особено е важно стапката на вакцинација за постари од 50 години да се искачи до 90 проценти – потенцираше Ван Дам и додаде дека следењето на вакцинираните во клиничките испитувања ќе продолжи со години, со цел да се соберат повеќе информации за времетраењето на заштита.